Дали Блерим Рамадани бил на Попова Шапка за да гледа парцели, омиленото место за дивоградби на ДУИ, прашуваат преку денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
„Дали ДУИ се ангажираат на Блерим Рамадани затоа што имаат приватен бизнис интерес од него?
Дали Али Ахмети му дава налог на Пајазити да овозможи бегство на Блерим Рамадани затоа што истиот има интерес од него?
За кого работи Пајазит Пајазити?
Институциите да отворат постапка и да го разрешат Пајазити, кој ја извалка функцијата судија“, стои во соопштението на партијата.