Османи треба да признае дебакл на своето министерување, а тоа е вистината која ја кажува претседателот Макрон дека Македонија не е ни во планот за зачленување до 2030.

Претседателот Макрон го кажува тоа што ВМРО-ДПМНЕ го кажува целиот изминат период, дека покрај болните отспаки кои треба да ги преземеме како држава немаме никакви гаранции за членство во ЕУ.

А ако Османи тврди дека тој правилно ја интерпретира изјавата на претседателот Макрон еве нека каже кој датум го спомена Макрон за членство на Македонија во ЕУ?