Сфаќаме дека за кариеристот Никола Димитров менувањето од министерската позиција е негов најнесреќен ден и затоа барем нека не глуми генерал после војна и дека наводно бил жртва на злобната Бугарија, туку тој е жртва на својата неспособност и распродавањето и поигрувањето со државните интереси, реагира ВМРО-ДПМНЕ по денешната изјава на вицепремиерот Никола Димитров дека нема доверба во министерот Бујар Османи за начинот на кој се преговара со соседна Бугарија.

„Наместо Европа на Македонија, СДСМ, Заев и Димитров ја однесоа државата во ќорсокак во однос на европските интеграции. Димитров е кариерист кој ги заплетка и комплицираше односите со сите наши соседи и го поларизираше општеството. Задоцнета е грижата на кариеристот Димитров за националните и државни интереси, бидејќи беше првиот кој ги продаваше кога СДСМ беше во налет и цврста власт, и целосно ги игнорираше предупредувањата на ВМРО-ДПМНЕ. Сега неговата грижа освен што е лажна и лично мотивирана таа е и задоцнета, смета ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека „не е интерес на странците, туку пред сѐ интерес на македонските граѓани, Димитров и оваа власт никогаш повеќе да имаат одговорност во оваа држава“.