Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ објавува неправилности и мобинг на Клиниката за неврологија од некадарниот и неспособен директор на Клиниката за неврологија, Висар Мифтари и негови две соработнички.
„Неправилности и мобинг на Клиниката за неврологија од некадарниот и неспособен директор на Клиниката за неврологија, Висар Мифтари и негови две соработнички. Вакви поплаки до Комисијата за здравство овие денови пристигнаа од вработени на Клиника за неврологија. Поплаките се однесуваат на нејасни насоки за распоредот за дежурства.
Со оглед дека директорот Мифтари воопшто нема комуникација со најголем дел од вработените да им ги објасни новините во работата и ако се земе во предвид дека Мифтари нема ден работно искуство на Клиниката ниту на терциерно ниво, а тука бил само на специјализациија прашуваме:
Како самостојно и затворен во својот кабинет спроведува мобинг и притисоци врз вработените на Клиниката?