Кога веќе беше во Градска, добро ќе беше Ковачевски да отиде и до Клинички и да праша до каде е истрагата за Онкологија, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
5-ти месец откако нема епилог за случајот Онкологија. Остана само фрапираноста на јавноста, од грозоморниот криминал на власта, на грбот на болни пациенти од карцином.
5 месеци нема ниту еден обвинет, министерите за здравство и директорот на Клиниката се на слобода, а дел и на своите работни места со можност да влијаат на евентуална истрага.
Десетици и стотици граѓани може предвреме ги загубиле своите најблиски зошто на Клиниката за Онкологија наместо терапија добивале физиолошки раствор, а Ковачевски мува не го лази. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме.