ВМРО-ДПМНЕ ДО СДСМ: Трошите пари од рекет на нарачани анкети!

/ 30.08.2019

Само на предвремени парламентарни избори Заев може да добие најточна потврда за тоа што мислат граѓаните за него и за СДСМ, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во врска со резултатите од анкетата што за потребите на владејачката партија беше реализирана од страна на „Тим институт“.

Според оваа анкета, за коалицијата предводена од СДСМ би гласале 24,4 од испитаниците, додека за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ би гласале 21,1 отсто.

Меѓутоа, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека владејачката партија паднала многу ниско со купување на лажирани резултати.

„Лесно е да се трошат пари добиени од рекет на нарачани анкети, но подобро и за вас и за Македонија е да добиете вистинска слика за тоа што мислат граѓаните за катастрофата што им се случува овие три години“, се наведува во партиското соопштение во кое се повикува на предвремени избори.

Од опозициската партија подвлекуваат дека доколку СДСМ се сигурни во бројките кои, како што велат, сами си ги штелувале до сега парламентарните избори ќе биле веќе распишани.


Од истата категорија