Петре Шилегов освен што е најнеспособниот и најмрзливиот градоначалник на Скопје, сега ќе го паметат и по тоа што го напушти градот во време кога околу Скопје имаше 18 активни пожари. Уште еднаш Шилегов покажа дека не е градски татко туку очув, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Очигледно одморот во Хрватска не може да чека, па Шилегов замина и остави цели населби без вода, Охис во пламен, пожари на Водно и Ѓорче Петров и зачадено Скопје. И тој како и неговиот лидер Заев кукавички дезертираа и ги оставија граѓаните сами да се справуваат и да се спасуваат. За ова Шилегов ќе сноси одговорност. Народот ќе го прати на подолг одмор и трајно ќе му ги земе обврските во Град Скопје, истакнуваат од партијата.