Во месец август во Македонија е забележано забавување на инфлацијата.

Тоа не го гледаат само во СДС.

Реалноста и статистичките податоци говорат дека во август е забележано значително забавување на месечната стапка на инфлацијa и истата изнесува 0.2%, која во јули изнесуваше 1.1%.

Кај храната и безалкохолните пијалоци месечната стапка на инфлација во август изнесува 0,6%, што претставува намалување на трошоците за живот кај повеќе групи прехранбени производи.

Намалување има кај рибата и морските плодови од -0.9%, кај овошјето од -1.5%, маслата и мастите од -0.1%, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и останати прехранбени производи од -0.9%.

Минералната вода, безалкохолните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук бележат намалување на трошоците за живот од -1.1%, додека пак кафето, чајот и какаото од -0.2%.

Намалување на трошоците на живот на месечна основа во август има и кај облеката и обувките од -0.6%, здравствената заштита од -0.1%, транспортот од -3.1%, образованите од -0.1%.

Освен кај месечната, се забележува забавување на стапката на инфлацијата и на годишна основа, при што споредено со јули која беше 4,8%, сега во август е на пониско ниво и изнесува 4.4%.

Малиот месечен раст на индексот на трошоци на живот за храната и безалкохолните пијалоци е резултат пред се на растот на цените на зеленчукот, од 4.9%, тренд присутен подолг период во целиот регион, главно поради добро познатите состојби на намалени приноси и понуда поради неповолните временски услови.

За разлика од времето на власт на СДС кога инфлацијата рушеше двоцифрени рекорди, сега зборуваме за забавување на инфлацијата и тоа се должи на економските мерки и политиките на Владата.

Добро проектирани мерки и политики носат забрзување на економскиот раст, забавување на инфлацијата, пад на невработеноста и раст на доходот на граѓаните.

Економски модел на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ води кон целосна трансформација на Македонија и подобрување на животниот стандард за граѓаните, чиј што приоритет и цел е да обезбеди иднина, просперитет и поквалитетен живот за сите граѓани.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ