ДУИ манифестира елементарно непознавање на правото. Прв вицепремиер не постои согласно закон, соопштива ВМРО-ДПМНЕ.
ДУИ треба да знае дека Деловник за работа на влада, не може да биде над закон.
Законот познава термин вицепремиер, не и прв бицепремиер. Тоа што ДУИ смениле Деловникот за Груби да си мисли дека е прв вицепремиер има значење колку коцките нацртани со креда на улица означувајќи полиња за игра со топка.
ДУИ покрај тоа што многу краделе во минатото, многу и лажеле. Помина времето на лаги, се вели во вечерната реакција на ВМРО-ДПМНЕ.