Единствен капитален проект на СДСМ е чочекот во тунелот на автопатот кој ВМРО-ДПМНЕ го изгради, се вели во денешната реакција од опозициската партија за фалбите за капитални инвестиции на владејачкиот СДСМ.
Во продолжение целото соопштение:
Четири години немаме ништо. Запрена е изградбата на патот Охрид-Кичево, кој до сега требаше да биде завршен.
Гасификацијата која требаше да биде завршена, исто така тапка во место.
Владата нема еден автентичен проект.
Просекот на реализација на капиталните инвестиции во изминатите три години е под 70 проценти што значи дека владата парите на граѓаните наместо да ги инвестира во капитални проекти ги троши расипнички за криминални тендери во четири очи.
Додека СДСМ и Заев се фалат дека државата блеска, граѓаните живеат се посиромашно. Доказ за тоа се што половина милион граѓани живеат со по две евра на ден и 55.000 работници се оставени на улица. Затоа колку побрзо си заминат од власт, толку ќе биде подобро и за државата и за граѓаните.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ