Во СДС ништо не се менува. СДС, под раководство на Венко Филипче, останува заложник на бизнис интересите на кланот Заеви.

Филипче е воодушевен од неговиот ментор Заев и не пропушта можност тоа јавно да го истакне.

Филипче е само продолжена маша на Заев, во обид да го заштити криминалот на кланот Заеви.

Тоа членовите на партијата го знаат и токму затоа Филипче има тешкотии да креира тим. Никој не сака да биде дел од високите органи на СДС под раководство на Филипче. Во СДС постои криза поради недоверба во лидерството на Филипче.

Во СДС нема реформи, нема консолидација. Ништо и од најавеното и окрупнувањето на СДС.

И кога Филипче зборува за менувачници, веројатно мисли на онаа менувачница каде Заев ги упатуваше да се носат парите од ” Едно Евро за црквата едно евро за Вицето” на  кланот Заеви.

Филипче со конструкциите, лагите и манипулациите е на чекор да го надмине неговиот ментор Заев. Филипче е континуитет на погрешните политики на Заев, кои ги осиромашија граѓаните и ја ставија во подредена положба државата.

СДС на чело со Филипче, свесно шири паника кај населението. Доколку вака продолжи, Филипче на следните избори катастрофалната бројка од 130 илјади гласа ќе му биде многу недостижна.

Наместо реформи и консолидација, во СДС има континуитет на лагите и погрешните политики на Заев.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ