Филипче на Сител: Очаен обид за одбрана на Спасовски за “Беса Транс” и за трагедијата во Модуларната како последна брана пред неговата лична одговорност.

Ова е истиот Заевистички пристап – Се колнам во жицата, на Заев кога го излажа народот и смени личен опис на Македонија. Сега Филипче исто така лаже по инструкции на својот ментор.

Со денови СДС и Филипче прават димна завеса со таканаречени бомби, од одговорноста која за нив доаѓа, а која ја спречуваа до сега заради Љупчо Коцевски кој силно го бранеа.

Филипче знае дека до гуша се влезени во криминал и тој и Заев и Спасовски и сите истрошени кадри на партијата која донесе владини одлуки за изградба на мигрантски кампови, кога беа тргнати во процес на продажба на се што ќе стигнат.

Одговорност ќе има.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ