Иако, францускиот предлог се уште не е испратен до македонската влада, опозициската ВМРО-ДПМНЕ од Ковачевски бара веднаш да го отфрли.
Од тоа што беше пренесено во медиумите, францускиот предлог е целосно фијаско и остварување на сите бугарски барања, без какви било гаранции за Македонија, велат од партијата.
„Наместо да молчи Ковачевски треба веднаш да излезе и да го отфрли предлогот кој беше презентиран од медиумите. Зошто молк и дали молкот значи согласност на СДСМ и Ковачевски со капитулацијата која и се спрема на Македонија. Дали СДСМ ќе прифати тивка бугаризација или целосно отфрлање на Македонија од процесот на евроинтеграции? прашува ВМРО-ДПМНЕ во партиското соопштение.
Опозицијата констатира и дека францускиот предлог е уцена и целосно фијаско на Ковачевски, поради што треба да си даде оставка веднаш.