Ковачевски бегајќи од референдум го игнорира народот, а за енергетската криза не презема ништо, само покачува цени, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Фрапантно е што Ковачевски упорно го лаже народот дека со преговарачката рамка е заштитен јазикот и идентитетот, а со неа всушност се дава можност на Бугарија доколку во Комисијата за историски прашања не се договорат во однос на одредено прашање да не блокира, односно да стави вето на нашиот пат кон ЕУ, додека не се исполни бугарскиот ултиматум. Што значи тоа? Тоа значи дека ставовите во однос на историјата мора да ги воедначиме со бугарскиот поглед, а тој гледаме дека ги негира јазикот и нацијата, па така имаме блокада за која ништо не пишува во рамката, но која би се случила доколку се промени Уставот и се почне со преговарање по бугарски услови. За на крај сето тоа да резултира со целосна бугаризација, велат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат:
„Ковачевски го знае сето ова, но свесно турка бугаризација, само за ден повеќе да се задржи на власт. Токму затоа е потребен референдум, кој ќе го спречи ова предавство во режија на Ковачевски и Пендаровски.
Во однос на енергетската криза Ковачевски не направи ништо. Земјите од регионот набавија веќе залихи на гас, мазут и јаглен, а дополнително имаат и процентуално поголемо производство на струја, за разлика од другите Македонија со Ковачевски ја чека есента за во паника да набавува енергенси и да се расфрлаат со провизии поради високите цени кои ќе бидат присутни.
Ковачевски нема никаков план за иднината на Македонија. Негов единствен план е како да се задржи ден повеќе на власт“.