ВМРО-ДПМНЕ: Фрапирани сме од снимките од кои се слуша како членови на семејството Заеви одлучува чии автомобили да се палат и кој бизнисмен има право да работи

/ 04.07.2020

Фрапирани сме од содржината на снимката која ја емитуваа медиумите, а од која се слушаат сведоштва како братот и зетот на премиерот нарачуваат палење на автомобили, а неговиот братучед диктира кои бизнисмени можат да работат, а кои не, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Од снимките кои ги објавија медиумите се гледа бандитскиот однос на семејството Заеви кон државата во целост. Јавното обвинителство наместо да биде цензор за  спотови за кампања, подобро би било да почне да си ја врши работата, и веднаш да ги повика на разговор припадниците на семејството Заеви за кои се слуша како во мафијашки стил одлучувале кој има право да работи, а кој не во изминативе 3 години. Бандитизмот кој стана начин на работа во изминативе три години наскоро оди во историјата. Граѓаните ќе го дадат финалниот одговор на 15 јули. СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова, порачуваат од партијата.


Од истата категорија