-Решението не е во удирањето по џеб на работниците кои и сега едвај преживуваат. ВМРО-ДПМНЕ нуди помош на Владата, а исто така и на државата кое се состои од неколку чекори. Првиот чекор е благајничките записи од околу 25 милијарди и 200 милиони денари, веднаш да бидат откажани за месеците кои што следат и наместо тие благајнички записи да бидат запишани државни хартии од вредност кои што ќе ги издаде Министерството за финансии и ќе имаат рок од еден месец и така секој месец тие ќе се обновуваат и продолжуваат. Вториот чекор е средствата кои што беа уплаќани во вториот задолжителен приватен пензиски фонд со уредба на Владата да бидат пренаменети и наместо во вториот задолжителен приватен пензиски фонд од први април да бидат уплаќани во државниот задолжителен пензиски фонд. На тој начин ќе се обезбедат 10 милијарди денари кои што ќе гарантираат стабилна, сигурна и навремена исплата на пензиите на пензионерите, се наведува во денешното партиско соопштение со кое всушност е повторена понудата на Мицкоски до СДСМ и повторени се решенијата кои Мицкоски пред некој ден ги изнесе на прес конференција, а се однесуваат на решавање на економската криза во Македонија.