Власта преку граѓанската обврзница ги зема парите на граѓаните од банките и стопанството и ќе троши на тендери и матни зделки. Гранската обврзница ќе значи пари за бизнисите на Груби и Ковачевски, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Со самиот факт што граѓанската обврзница ќе има поголема камата од каматата која ја даваат банките, таа ќе стимулира повлекување на средствата на граѓаните кои лежат како депозити во банките и ќе го намали со тоа фондот на пари достапен на банките за кредитирање на граѓаните и стопанстовото.

Лага е тезата дека средствата ќе бидат наменети за развојни проекти. Ако средствата од граѓанската обврзница беа за развојни проекти, тогаш обврзницата ќе беше развојна или проектна. Вака како што е остава простор парите да се трошат на матни тендери и договори во 4 очи, кои немаат ни Р од развој.

Граѓанската обрвзница е во износ од 50 милиони евра, што е 20% од годишната депозитна база на банките. Истата се зема на две години, и со тоа паѓаат во вода сите тези дека сакаат да обезбедат долгорочна одржливост.

СДС е елементарна непогода за јавните финансии и финансиската стабилност.