Опозициските „Вреди“ и ВМРО-ДПМНЕ веднаш ја прифатија ракавицата што ја фрли ДУИ. Подготвени се да потпишат нотарски договор дека партијата или лидерот што ќе ги изгуби изборите – не треба да се занимава со политика.

Министерот Бектеши го даде овој предлог уверен дека ДУИ ќе победи на парламентарните избори предводен од Али Ахмети кој никогаш до сега не загубил.

За Коалицијата „Вреди“, ова е сеење магла. Ги повикаа првите луѓе на ДУИ да се подготват за политичка пензија.

ВМРО-ДПМНЕ го прифаќа предизвикот. Толкува дека Бектеши го посакува лидерското место во ДУИ откако Ахмети ќе биде поразен на изборите.

Димитар Ковачевски смета дека една партија во своето постоење има и победи и порази. Тој, како член на СДСМ од 94-та година, верува дека, во случај на пораз, не треба да се менува целиот тим.