Демантираме дека е направена било каква распределба на ресори во идната влада, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Во целост се неточни информациите објавени на Сител телевизија и замолуваме да се воздржи медиумот од предвремено лиферување на информации, со оглед на тоа што пред само неколку часа Коалицијата Твоја Македонија го овласти претседателот Мицкоски да преговара за составување на идната владина коалиција.
Процесот ќе биде транспарентен и поради точноста на информациите замолуваме да се запазува на нивната веродостојност, истакнува партијата.