Вистината за модуларната болница, провизии што чинат животи, утре прес-конференција во 12 часот, најави ВМРО-ДПМНЕ.
„Провизии кои чинат животи“ аферата што ќе ја разоткрие вистинската одговорност за трагедијата во Тетово.
14 животи згаснаа. Одговорност мора да има кај вистинските виновници.
Кој дозволи да се градат болници од неогноотпорни материјали?
Кој потпишуваше? Кој молчеше? Кој профитираше?
Следете нè, утре со почеток во 12 часот, на прес-конференција од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, започнува серија на прес-конференции што ќе ја откријат целата вистина, се вели во последната објава на партијата.