ВМРО-ДПМНЕ ја напушти средбата на која требаше да се зборува за Законот за јавното обвинителство.
Тие бараат државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески да присуствува на разговорите за Законот за ЈО, а СДСМ не прифаќа.
Опозициската партија ќе присуствува на средбите само ако на средбите присуствува Јовески. Треба да се договори Законот за јавно обвинителство.
За министерката за правда, Рената Дескоска ова е лошо алиби.
Средбата денеска траеше многу кратко.
Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ смета дека Јовески не може да биде заобиколен.
Зоран Заев вели дека предлог Законот за јавно обвинителство е направен политичарите да не местат обвинители, туку да биде структурно и системско решение далеку од рацете на политичарите.
Инаку, на денешната средба биле присутни и од Амбасадата на САД и Делегацијата на ЕУ, како и претставник од Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата.