Во врска со написите во неколку интернет портали дека премиерот Мицкоски наводно бил на партиска трибина додека државата се соочува со пожари, категорично ги отфрламе ваквите неточни и тенденциозни тврдења, известува ВМРО-ДПМНЕ.
Вистината е следна, вели партијата:
– Кризниот штаб заседаваше вечерта, како што беше најавено, под раководство на премиерот Христијан Мицкоски.
– Премиерот пристигна на трибината во Куманово со задоцнување, токму поради претходната обврска со Кризниот штаб.
– За одлуките на кризниот штаб информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Пожарите се сериозен предизвик и Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ, заедно со сите надлежни институции – Армијата, Полицијата, Дирекцијата за заштита и спасување и ЦУК – се целосно мобилизирани и се постојано на терен. Премиерот е директно вклучен во управувањето со кризата и лично им изрази благодарност на сите ангажирани служби.
Објавувањето на дезинформации во моменти кога државата се бори со сериозни природни непогоди е не само неетички, туку и штетно за моралот на луѓето што се борат на првата линија.
Ги повикуваме медиумите на професионално и точно информирање. Наместо евтини сензации, на Македонија ѝ треба одговорност и обединетост, стои во објавата на партијата.
Линк од фб објава: