Венко Филипче говори за идентитет, јазик и писменост, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Оттука јавно прашуваме:

Прво, кога Филипче ќе се огради од ставовите на Заев дека македонскиот јазик е бугарски, дека македонскиот јазик постои од после Втората светска војна, и дека Бугарите биле ослободители, администратори место поробители?

Второ, дали малку му е срам, што СДС не е никаква брана кон бугарскиот национализам и тоа што смета дека треба да се прифатат сите бугарски ултиматуми?

Венко Филипче, истапувајќи со изјави за идентитетот, јазикот и писменоста заборава дека тие зборови имаат тежина.

Исто така го прашуваме Филипче, дали разбира дека легитимирање на бугарските ултиматуми, не е прашање на дипломатија? Дали знае дека ова се позиции кои се директен напад врз суштината на македонската државност? Дали знае дека се позиции кои го понижуваат делото на Кирил и Методиј и отвораат простор за национално обезличување?

Делото на Кирил и Методиј не е за политички говори, тоа е обврска, да се зборува гласно и да се брани јазикот.

Кога Венко Филипче зборува за идентитет, тоа е како криминалец да зборува за чесност, се вели во соопштението на партијата.