Владата на СДС и ДУИ, поточно Агенцијата за храна и ветеринарство на 21 септември оваа година во Македонија дозволила увоз на околу 20 тони трајно млеко од Република Србија, се вели во партискотосоопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Ни помалку, ни повеќе во млекото пуштено во промет, е детектиран афлатоксин М1 над максималното дозволено ниво. Оттука ова млеко е штетно за пиење, а истото предизвикува труење и други компликации по здравјето на граѓаните. Ова се темели на докази, односно ова е резултат од лабораториски анализи. Да се даде зелено светло за увоз на вакво млеко со канцерогени материи е недозволиво! Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство е целосно промашување! Наместо целосна контрола при увоз на храна, АХВ под раководство на Бабовски свесно пушта во употреба производи со канцерогени материи. Оттука, се поставуваат прашањата, кој и зошто дозволил млекото во кое е детектирано амфлатоксин М1 од Србија да биде пуштено во употреба во државава, во која количина од увезеното млеко завршило на рафтовите и дали АХВ има постапено по добиените наоди од тестирањето? Дополнително, има информации дека во сурово млеко во една од поголемите млекари во Македонија исто така е детектиран афлатоксин М1 во млекото. Во истото се надминати максимално дозволените нивоа согласно Правилникот за општите барања за безбедност на храната. Оттука во врска со овој случај Агенцијата и Бабовски, да одговорат што е направено со таквото млеко, дали истото завршило на македонската трпеза како сурово млеко или е преработено во сирење, кој е препознатлив бренд на оваа млекара во Македонија? Апелираме на максимална претпазливост! Апеираме да се расветли ова веднаш, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Бабвски веднаш да поднесе оставка! Ваквите случаи наскоро ќе бидат минато! Граѓаните на избори ќе ги казнат ваквите постапки на надлежните! Додаваат од опозициската партија.