Димитар Ковачевски и цело СДС со месеци лаже дека се можни уставни измени и дека ВМРО-ДПМНЕ прифатило промена на Устав.
Ковачевски тврдеше дека претседателот Христијан Мицкоски се согласил на уставни измени.
Цело СДС синхронизирано и како расипана грамофонска плоча повторуваа уставни измени.
Вчера целата македонска јавност виде дека Ковачевски и СДС не само што немаат мнозинство од 80 пратеника, туку едвај имаат 70.
Вистината излезе на виделина. СДС губи пратеници. Сите лаги на власта се распрснаа.
Ставот на ВМРО-ДПМНЕ кој го кажа претседателот Мицкоски уште на 16.07.2022 година е ист. Промена на Устав нема да помине.
(Соопштение од ВМРО-ДПМНЕ)