Лицемерието на партијата Левица оди до таму, додека во јавност се борат само перцептивно за повисоки плати и собирање на смет, во Советот на градот Скопје не гласаа за набавка на нови возила за собирање на смет за јавното претпријатие Комунална Хигиена и за и плати во Паркови и зеленило.
Лицемерите од Левица не гласаа во Советот на град Скопје и за новогодишни пакетчиња за децата од социјално ранливите семејства.
Воедно јавноста треба да знае дека Левица не гласаше ниту за мерки за почист воздух.
Лицемерите Левица не гласаа за измена на Програмата за животната средина, т.е. за подобрување на амбиенталниот воздух.
Додека фараоните од Левица сликаат контејнери и објавуваат на социјалните мрежи, во Советот не гласаа за машини за собирање на смет и празнење на контејнерите.
Советниците на Левица доследно го следат политиканството и егзибиционизмот на Димитар Апасиев.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ




