Македонија е пред економски колапс, а неспсобноста и криминалот, картелот на власт ги покрива со распродажба на државните и национални интереси. Луѓе кои бараат поткуп од едно евро за сопствениот брат и едно евро за црквата, во која било европска земја би биле во затвор, а не да водат партија или влада. Аболицирани криминалци на чело на држава не се европска вредност, туку гаранција за општ грабеж на народот и државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Сите економски параметри ја покажуваат катастрофалната слика за македонската економија. Нема капитални инвестиции, растот на бруто домашниот производ е еднаков на нула, а сведоци сме на фирми кои повторно како во мрачните 90-ти заминуваат во стечај, додека вработените остануваат без своето парче леб. Владата на СДСМ предводена од Зоран Заев се врати да ја заврши работата која ја започна во 90-тите, транзиционите политичари се вратија да искрадат тоа што пропуштиле или што се изградило минатите десетина години“, велат од партијата.
Со оваа стапка на задолжување, смета ВМРО-ДПМНЕ, должничкото ропство за македонскиот народ е неизбежно.
„За трагедијата да биде уште поголема милионите евра од задолжувањето не се инвестираат во македонската економија, а тоа го покажува и очајната реализација на капиталните инвестиции. За првите 9 месеци неспособната влада на Заев не успеала да реализира ниту една третина од планираните капитални инвестиции, односно реализирале катастрофални 27,4 проценти од планираните капитални инвестиции“, велат од опозициската партија.