На 12-ти април завршува неправдата и нарачаните процеси од Зоран и Вице Заеви, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.
– Слугите на крими-картелот Заеви во јавното обвинителство и во судот ќе мора да понесат одговорност за злоупотребите, рекетот и политичкиот прогон. Залуден е маршот и последниот обид на Заев да изврши дополнителен притисок врз судството. Заев не може да ги оправда криминалот, корупцијата и рекетот. Граѓаните не сакаат држава во која функционерите ќе уживаат во неказнивоста. Маршот на Заев е марш за нови амнестии. За амнестија за Зоран и Вице Заев, Венко Филипче, Драги Рашковски, Боро Марлборо, Курто Дудуш и редица други криминални функционери на власта. Неказнивост нема да има. Одговорност ќе има за сите. По 12-ти април следува правна разрешница за сите криминали и неправилности, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.