Набавката на машините за бележење на хоризонтална сигнализација во општините Битола и Велес е според сите законски норми и прописи. Машините се произведени од најреномираната фирма во областа GRACO од САД, и истите се најдобри во својата област, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
Дезинформација е дека за 2.950.000 денари е набавена една машина. Вистината е дека се набавени две машини.
Постапката на јавната набавка е извршена во согласност со ЗЈН и договорот е доделен на фирмата која ги задоволила потребните технички критериуми и останати услови предвидени во тендерската постапка. На јавната набавка во Битола не се јавила фирмата JUNDA Made in China, но и да се јавела немало да и биде доделен договор, бидејќи истата не е со сопствен погон (односно самоодна, параметар што исто така е важен и секако ја зголемува цената на чинење, но и тој за жал е предмет на потсмев и манипулација).
Чудно е зошто СДС нема прес конференција и за општина Центар и Струмица кои исто така имаат набавено машини од истиот производител. Ако тоа е криминал, тогаш треба да реагираат и за овие општини, каде градоначалниците се од нивната партија.
Машини од истиот производител имаат набавено и голем број приватни субјекти во Македонија, ако истите биле лоши, тие немачо да ги набават.
СДС е деструктивна и манипулативна. Извртува и лаже. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме, порачува партијата.