СДСМ е партија која ја води Венко Филипче, човек кој беше министер за здравство во криминалната влада на СДСМ-ДУИ, обвини ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„За време на министерувањето на Филипче и владеењето на СДСМ, во здравството не се направи ништо за да се подобрат условите. Наместо да работи на унапредување на здравството и на условите за работа на здравствените работници, Филипче го интересираа само личните и бизнис интересите на тендерашот и негов претходник, Зоран Заев. Наместо да ги средува состојбите и да ги подобрува условите во здравството, Филипче како министер го интересираа само провизиите од местењето тендери. Само затоа што го интересираа само провизии од тендерите, Филипче како министер за здравство дозволи да се постави криминална модуларна болница во Тетово, во која живи изгореа 14 лица. А одговорност за тоа, Филипче не сноси зашто, замислите, кабелот бил крив. Филипче е министер за здравство во чие време Македонија ја позиционираше високо на европските и светски листи по смртност од корона вирусот. Официјалните податоци покажуваат дека во државата од корона вирусот починале скоро 10.000 македонски граѓани“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче, исто така, наведено е таму, е министер кому му колабираше системот со сообраќајката на Дурмо Турс во која животот го загубиле 16 лица. А тоа се случи најмногу поради лошата поставеност на здравството со кое раководеше Филипче.

„Наместо сите пациенти да се носат со брза помош во една болница, на лице место требаше да има тријажен центар кој што требаше да одредува кој пациент во која болница треба да биде пратен. Само така системот немаше да биде оптеретен и ќе се дадеше шанса да преживее уште на некој од настраданите. Значи, кога од СДСМ држат пресови за здравството во Македонија, треба да имаат предвид дека нивниот претседател Филипче, додека министерувал со истото тоа здравство бил синоним за смрт и синоним за уништување на јавниот здравствен систем“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.