На прес конференцијата на СДСМ преку писмено соопштение реагираа од владејачката ВМРО ДПМНЕ обвинувајќи ја опозициската партија дека во мај го допрела дното, а сега држеле лекции како да се работело.
СДС го оставија Буџетот без пари и покажаа дека се загрижени само за себе, Буџетот го планираа само за половина година.
СДС Буџетот го планирале за тендери од кои парите ќе завршуваат во нивни џебови. Буџетот, поточно ребалансот кој помина месецов се направи за да може државата на функционира и да ги сервисира основните потреби.
И покрај се, од ВМРО-ДПМНЕ, се реализираат политики за два месеци со кои се оставаат пари во џебот на граѓаните. Дополнително се што е ветено ќе се реализира со домаќинско планирање на буџетот за следната година, се наведува во писмената раекцијата од ВМРО ДПМНЕ.
На денешната прес конференција од Владејачката партија посочија дека го подобруваат стандардот на студентите преку зголемување на износот за студентски оброк и продолжување на рокот за аплицирање, а ќе го прошират и опфатот за стипендии за постдипломци. Кои беа две од трите барања на студентското собрание при УКИМ.
Мерката за стипендии за студии од втор циклус ќе се отвори за студентите со завршени три годишни студии од прв циклус кои не можеа до сега да аплицираат за истата, мерка која можностите ќе ги усогласи за повеќе од 1000 студенти кои студираат на факултети каде студиите се во траење од 3 години. До сега гледавме како дел од најдобрите студенти во прв циклус студии се дискриминирани и поставените параметри за стипендии за втор циклус не се почитувани а згора на тоа се злоупотребувани, тоа го променивме и стипендиите ќе бидат строго меритократски и отворени за сите студенти да аплицираат, рече Сергеј Попов, пратеник и претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
За третото барање на судентите за усвојување на закон за млкадински стандард, министерката реше дека се разгледува и биле потребни законски измени.