Методологијата не беше донесена од страна на СДС, Владата и ресорното Mинистерство ја донесоа веднаш по доаѓањето на власта и превземањето на раководството на МЗШВ. Благодарение на методологијата, се распиша јавен повик и минатата и оваа година на која конкурираше земјоделски институт и ја пресмета производствената цена, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-На СДС им е смешно кога работиме за земјоделците и зголемуваме цени на субвенции и откуп. Кога СДС беше на власт, немаше субвенции за земјоделците, продуктите завршуваа на буниште, а земјоделците се откажуваа од работата и нивите зјаеја празни. Сега имаме рекордна цена на најзастапените сорти на грозје, Вранец 21,3 денари, Смедеревка 18,9 денари по килограм. Ова се должи благодарение на максималните напори во водостапнството. Оваа година очекуваме зголемено производство, над 100 милиони килограми, велат од владејачката партија.
Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат: „Земјоделците се приоритет и тоа го докажуваме“.