По објавата на денешните предлог мерки на Комисијата за заразни болести, реагираше и опозиционата ВМРО-ДПМНЕ.
Во нејзиното соопштение се вели:

Бројката на починати од корона се движи кон 7.500 лица.

На министерот смрт Венко Филипче секојдневно му умираат млади пациенти, пациент од 20-тина години, 40-тина години.

На европската листа на починати на милион жители Македонија е на високо трето место.

Во меѓувреме, министерот за смрт, стручната фела ја множи со нула, како да не постои, а не пак да се заинтересира да ги праша, слушне и преземе соодветни мерки.

И наместо стимулативни мерки, Филипче продолжува со закани, уцени кон граѓаните.

Стручната јавност јасно му вели така не се зголемува број на вакцинирано население, така не се постигнува заштита, но очигледно воопшто не му е гајле.

Филипче си ја слуша политичката комисија и си ги брка личните и интересите на Заев, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.