Четврти ден наркобосовите од Грчец се во бегство, а Спасовски кој со нив се сликаше по кафани молчи, се вели во денешната реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

Го пренесуваме целото соопштение од партијата во врска со пробивањето на акцијата Планина:

МВР под Спасовски е целосно неспособна. Протекуваат информации и за најситни дилери на дрога, па до наркобосови.Системот не функционира. Луѓето со кои цел државен врв се сликаше по кафани биле водачи на нарко кланови, а друштво им правеле Спасовски, Пендаровски и Вице Заев.

Друштвото на врвот на власта со нарко босовите и сликите по социјалните мрежи им дава сила и влијание во подземјето.Наместо да се борат против организираниот криминал, Спасовски и Пендаровски се сликаат со најголемите претставници на истиот.

Дали другарувањето на Спасовски и Пендаровски ск наркобосовите е причина зошто наркобосовите се сеуште недостапни за полицијата?Спасовски да даде одговориили да си поднесе оставка веднаш.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ