ВМРО-ДПМНЕ: Не случајно е “Антоанета”, не се срами што трошела народни пари на лични задоволства

/ 25.08.2024

Не случајно е “Антоанета”, не се срами што трошела народни пари на лични задоволства и раскош, лаже дека не трошела буџетски средства за мечиња, хулахопки, куфери и топки.

Бисера Антоанета нема ни грам срам зошто потрошила над 700 фунти народни пари за 4 дена во Лондон за да си купува хулахопки, чорапи, плишани мечиња, куфери и фудбалски топки, разни Хари Потер маици и подароци.

Наместо да се извини, Бисера Антоанета вели нема кривично дело, реално ниту очекувавме да се срами но ова е премногу.

Има прекршување на законот, за што Бисера Антоанета ќе одговара, првин го надминала ограаничувањето за трошења, а второ се раздолжувала по неколку месеци, а не во рок од 7 дена како што е со Уредба пропишано.

Додека народот живее цел месец со 50.000 денари, колку што се 700 фунти, Бисера Антоанета во Лондон на државен трошок купува подароци за парите со кои некој цел месец ќе живее и ќе храни семејство.

Засрами се Бисера Антоанета. А за тоа со чии пари Антоената се расфрлала во Лондон ќе објавиме на утрешната прескоференција, со копии од сметките кои ни ги достави свиркач, се наведува во партиската реакција како одоговор на демантот на екс министерката.


Од истата категорија