ВМРО-ДПМНЕ во соопштение наведува дека најновите податоци на Евростат укажуваат на раст на куповната моќ на минималната плата во Македонија, мерено според паритетот на куповната моќ (ППС).
Според партијата, вредноста на бруто минималната плата во Македонија во јули 2026 година изнесува 1.142 ППС, со што државата се наоѓа на 16-то место на листата што ја објавил Евростат.
Во соопштението се наведува дека Македонија е пред Србија (1.094 ППС), Црна Гора (1.014 ППС) и Албанија (705 ППС), додека на врвот на листата се Германија со 2.164 ППС и Луксембург со 2.108 ППС.
Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека овие податоци покажуваат дека со минималната плата во Македонија може да се купат повеќе производи и услуги отколку во Србија и Црна Гора.
Партијата оценува дека растот на минималната плата и економските политики на Владата придонесуваат за постепено зголемување на куповната моќ и подобрување на животниот стандард.
Во соопштението се додава дека Владата ќе продолжи со политики насочени кон раст на платите, подобри услови за работа и повисок квалитет на живот на граѓаните.




