Срамота е што СДС за сопствените порази вината ја бара во сите други, освен кај себе, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Кој на шверцерски начин овозможи промена на имињата на улиците во 2021 година? Тоа се СДС и ДУИ.

Кој го одобри и пречека како супер стар Албин Курти и од Скопје направија косовски пашалак? Тоа се СДС и ДУИ.

Зошто го прават сето ова? За да обезбедат живот на владата, а ДУИ тера националнистичка агенда за да Албанците не зборат за криминалот и сиромаштијата кои тие им ја донесоа.

Денес добро ќе беше да обезбедат фабрика, а не промена на име на улица, се истакнува во реакцијата на опозиционата партија.