СДСМ го жртвува здравјето на народот. Попис во април ќе значи нови над 2.000 смртни случаи.

Заев не успеа да набави вакцини, не се имунизирани ни лекарите во целост, а не пак попишувачите.

Попис без завршена имунизација е кобен за граѓаните.

Во пописот ќе учествуваат 5.500 попишувачи, ако ги следиме статистиките, еден заболен пред да биде откриен го пренесува вирусот на нови 9 лица, доаѓаме до бројка од 49.500 лица на кои ќе биде пренесен вирусот. И во Македонија смртноста е меѓу највисоките или е 4,9 проценти, што значи дека попис во април ќе значи 2.400 мртви од КОВИД-19 и ќе значи колапс на здравствениот систем затоа што педесттина илјади луѓе ќе заболат.

Наспроти хаосот кон кој ја носи СДСМ државата, ВМРО-ДПМНЕ предлага попис на есен, кога би се спровела имунизација и ќе се заштитат животите на луѓето.

Попис по секоја цена е смрт за народот.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ