Земјоделците станаа колатерална штета на неспособноста на оваа власт. Тие како и сите граѓани во Република Македонија станаа жртви на Заевизмот, на лагите и манипулациите, на неправдата и неисполнетите ветувања.
Овие луѓе кои со пот и мака го заработуваат лебот станаа жртви на системот кој урнисува се пред себе, наречен Заевизам.
Заев од позиција на опозиција ветуваше брда и долина за земјоделците, ветуваше зелена нафта, ветуваше сигурен откуп. Сега заборави на сите свои ветувања и целосно го девастираше земјоделието.
Последни жртви на Заевизмот се оризарите кои се соочуваат со катастрофален откуп на оризот. Амбарите се полни, земјоделците немаат каде да ги продадат производите од ланската година, а веќе ги подготвуваат нивите за нова реколта.
Оваа култура како и сите други култури се соочува со катстрофален откуп. Власта ветуваше загарантиран откуп и повисоки цени, а наместо тоа го клекна земјоделството на колена. Покрај оризарите веќе две години проблем со откупот имаат и производителите на праски, јаболка , а пад во производство има буквално кај сите земјоделски производи.
Додека министерот за земјоделство Љупчо Николовски се шета по елитни дестинации и се фали со скапата гардероба, земјоделците се борат за тешко заработеното парче леб. На црнилата и Заевизмот мора да им се стави крај. Неправдата нема да победи, Зоран Заев набрзо заминува во историјата како најнеспособниот премиер. Ќе победи правото и правдината.