Васко Ковачевски избега од државата поради криминал од невидени размери во РЕК Битола, а тој беше поставен од СДС на таа функција како нивен член, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

СДС нека каже каде е Васко Ковачевски и зошто бега од лицето на правдата, кога нивни судии и обвинители ќе го водат процесот, па можеби и ќе му ја намалат казната и ќе го пуштат на улица?

Повторно ќе повториме, доколку има некаков вид на сомнеж за корупција и криминал, тоа веднаш мора да се испита од страна на МВР.

А од друга страна, за разлика од порано цената за електрична енергија нема да се зголемува на секој 3 месеци како во нивно време.

За разлика од власта на СДС и ДУИ, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи за граѓаните и нивните потреби, се вели во соопштението на партијата.