Зоран Заев знае дека во фер и демократски изборен натпревар ќе виде поразен и ќе мора да си замине, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Опозициската партија смета дека Заев е исплашен бидејќи со заминувањето од власт, институциите ќе бидат ослободени и ќе ги истражуваат криминалите на власта.
„Затоа Заев и СДСМ бегаат од предвремени парламентарни избори заедно со претседателските. Доколку истовремено се одржат и парламентарни и претседателси избори за нивната регуларност ќе гарантира техничка влада и нема да може некзнето да се крадат стотици илјади гласови како на референдумот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, предвремените парламентарни избори и техничката влада ќе го спречат и изборниот фалсификат за кој се сигурни дека СДСМ го подготвува со оглед на начинот на кој што бил спроведен референдумот за промена на името и локалните избори 2017-та година.
Клучно оправдување на власта, додава ВМРО-ДПМНЕ, е дека предвремените парламентарни избори оваа пролет би ги закочиле реформските процеси кои ја придвижуваат државата на патот кон Европската Унија.
„Не е реформски процес политиката ,,едно евро за Заев, едно евро за Вицето’’. Не е реформа општиот грабеж на парите на граѓаните, преку криминални грантови, тендери и субценции. Не е реформа руинираното здравство како резултат на неспособноста на СДСМ, неспособност на власта која граѓаните неретко ја плаќаат со своите животи. Можеби кога говори за реформи СДСМ мисли на 400-те илјади граѓани кои секојдневно се борат со сиромаштијата и живеат со еден оброк дневно или можеби 80-те проценти на млади луѓе кои од најмали нозе прават планови како да ја напуштат државата? Дали можеби клучна реформа и мега проект е отстранувањето на оградата од пред влада?
Време е да се стави крај на црнилата, време е да се стави крај на погубните политики на власта, а за сите оние реформи кои се од суштинско значење за македонското членство во Европската Унија, власта во периодот на техничката влада ќе добие целосна поддршка од техничките министри на ВМРО-ДПМНЕ“, додава опозициската партија во соопштението.