Површните знаења на Арсовска освен во фактот што не си ја знае сопствената програма, се гледа и во леснотијата со која таа стана изведувач на проектот на Зечевиќ за формирање на Нова СДС водена од Арсовска, реагира ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на Арсовска за Канал 5.
Намената на овој проект на Зечевиќ е да се напаѓа ВМРО-ДПМНЕ, да се прават опструкции врз градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, да се занимава јавноста со лудоста и пердувите на Арсовска, наместо за вистинските афери и проблеми на граѓаните, што само говори за нервозата и стравот на СДС, Ковачевски и Зечевиќ.
Токму поради овие причини Зечевиќ, преку неформалниот градоначалник на Град Скопје и близок пријател на Арсовска, Драги Митковски Книга и купија партија.
По делотворно е Арсовска да одговореше до каде е бесплатниот превоз во градот, зошто има партиски вработувања во градските институции и покрај одбиените планови од Советот на градот, зошто ЈСП е бунар без дно и пред банкрот, каде е медот за кој се лепеше Арсовска во Водовод, за да на крајот го потпише истиот договор за кој викаше дека не е законски и до каде се редица проекти кои не се реализираат.
Најголемата елементарна непогода за Скопје е Арсовска, СДС, ДУИ и Левица, тврди партијата.