Стево Пендаровски денес имаше издание во кое сакаше да се допадне на ДУИ и СДС за да го поддржат во изборната трка наместо да работи за државните интереси.

Трачарот Пендаровски не кажа како ќе ги спречи Бугарите во нивната намера да испорачаат нови барања освен сегашните, како ќе ја извлече државата од нови условувања и од состојба на вазалство кон Бугарија.

Стево Пендаровски имаше сериозен проблем да ја сокрие нервозата во своето интервју. Очигледно очајот го натера да измислува безочни лаги и невистини со цел да го амортизира фијаското кое се случува на Владата на Ковачевски и на СДС. Патем Пендаровски е самиот препознатлив по своите пишман изјави, за кои не знаеш дали наутро ги кажува Стево, а навечер ги демантира Пендаровски.

Ставовите на ВМРО-ДПМНЕ поврзани со уставните измени изнесени на лидерската средба и периодот после тоа се јасни. Впрочем тие ги потврди и самиот Ковачевски, но и чекорите на ВМРО-ДПМНЕ после тоа, а и нервозата и растреперениот глас на Пендаровски се исто така потврда сама по себе.

Разбираме дека во очај Пендаровски и Ковачевски и нивните сателити ќе расфрлаат пердуви, бидејќи нивната поданичка политика удри во ѕид. Колку пониско удираат, толку пониско паѓаат. Рејтинзите и на СДС, и на Ковачевски и на Пендаровски тоа го покажуваат. Рака под рака одат кон дното затоа што го игнорираат својот народ.