Владата предводена од СДСМ и Зоран Заев ќе остане запаметена кај граѓаните како влада која направила најмногу криминал во историјата на Република Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Случајот Рекет е доказ дека Заев и неговите соработници го осмислувале, помагале, прикривале и иницирале криминалот. Во Рекет јавноста слушна дека милионската сума од торбата Луј Витон завршила кај Зоран и Вице Заеви. Ова го потврди и Боки 13 кој беше само извршител на рекетот. Боки 13 јасно посочи дека за да го изврши рекетот поддршка имал и од функционери на власта. Царовска, Кирацовски се само дел од функционерите кои дале зелено светло за овој процес, се наведува во соопштението на партијата.
Сето ова јасно покажува и докажува дека структурата на СДСМ стои зад целиот овој случај. Граѓаните не ги заслужуваат овие погубни политики на СДСМ и Заев. Граѓаните заслужуваат многу подобро.