Судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица се заштитници на криминалот на СДС и ДУИ.

Ова се истакнува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ за пресудата на струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко од редовите на ДУИ. Во продолжение целото соопштение:

За Мерко само парична казна за незаконско поставување директори во неколку училишта, осуден е само на парична казна од 100 дневни глоби  од по 100 евра или вкупно 10 000 евра.

Ова доаѓа откако минатата недела истиот судија Мерко го прогласи за невин за набавката на луксузното ауди А6 од 67 000 евра и уште три други автомобили со вкупна вредност од 114 000 евра.

Функционерите на СДС и ДУИ прекршувале законски прописи, ги урнисаа институциите но и покрај тоа влакно не им фали, и додека расипнички се однесувале кон државата и институциите енормно се обогатија врз грбот на граѓаните.

САД го ставија Рамиз Мерко на американската црна листа поради значајна корупција но и тоа не им е доволно на судиите и обвинителите клиентелисти  на Заев и Ахмети.

Олицетворение на правосудниот колапс е Рамиз Мерко, чии судски предмети чудесно застаруваа или беа сторнирани. Пресудите за Рамиз Мерко се доказ за правосудниот колапс на судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица.

Легитимно се поставува прашањето дали постојат институции да го спречат Мерко?

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: архива