СДС безочно лаже дека немало пенали во договорот за Бехтел и Енка. 300 милиони евра од џебот на граѓаните на Македонија со одлука на Ковачевски и Груби во приватните џебови на изведувачот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Ако немало пенали тогаш зошто Владата исплати 117 милиони евра, на незапочнати градежни активности.
Кој дел од страницата на договорот објавен од медиумите каде јасно кажува какви и колку се пеналите, не им е јасен“ – велат од партијата.