СДС се толку одлепени од реалноста што не сфаќаат дека глупости од типот ВМРО е виновно зошто нема почеток на преговори, никој повеќе не им прифаќа како аргумент, ниту пак имаат некаква поента, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
Наместо да трошат време на прес конференции, нека го повикаат Олаф Шолц, канцеларот на Германија и пријател на Македонија, а кој истовремено е претседател на сестринска партија на СДС, како што го убедил Орбан да го напушти состанокот за да ја протнат Украина, така да направи и со Бугарија за нас.
Ако тоа не се случи јасно е дека Бугарија не е единствена причина за блокадата на ЕУ интеграциите, туку криминалот и глупостите на власта, а големите членки на ЕУ тоа го кријат зад Бугарија.
Истовремено искажуваме задоволство од потегот на Унијата, која уште еднаш докажа дека доколку искрено се сака, може да направи се што е потребно за остварување на сопствените стратешки цели. Гледаме дека ако се сака, се се може. И тоа посебно не радува и охрабрува.
Воедно зачудува и истовремено воодушевува нивото на мазохизам на СДС, кои и покрај шамарите кои упорно ги добиваат од Унијата со Извештајот на ЕУ, а последно и со вакви јасни сигнали, дека во земјава има епидемија на корупција и хаосот и нефункционалноста на институциите се клучна причина зошто не не сакаат во ЕУ, дури и кога се спремни да молат премиерот да излегуваат од состаноци за да им помине некоја точка од интерес и за која нема дилема.
Исто така чуди зошто епидемијата на корупција во Македонија не е добар сигнал за да почнеме преговори имајќи го предвид фактот и рангирањето на Украина на листите на Транспаренси и натписите во угледните западни медиуми дека е кралство на корупцијата. Веројатно СДС и ДУИ имаат уште да надокнадат и не го стигнале врвот, иако некогаш врвот за некои е дно, соопштува партијата.