Лицемерието на СДС не престанува. Кога СДС зборува за економските политики на Владата, да ги потсетиме дека тие ја доведоа државата на раб на банкрот, платите стагнираа, а пензионерите секојдневно беа на улиците барајќи зголемување на пензиите. Јавниот долг беше над 60% и историски највисок во нивно време. Инвестициите како Фејсбук, Гугл и стазата за Формула 1 останаа само во фантазијата на Заев и Филипче, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Пред да кажува СДС како се живее во државата, нека го праша Филипче и неговиот ментор Заев од каде им се парите за висококатници во Дубаи, за акции во индиска авиокомпанија, за скапи јахти од приближно 1 милион евра?
Ако се живее навистина тешко, нека кажат како Заев и Филипче со пратенички, министерски, докторски или премиерски плати, успеаја да купат јахти, акции и облакодери низ светот?
За разлика од нив, граѓаните живеат доста поскромно, но за разлика од времето на СДС, не преживуваат. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги зголеми пензиите на пензионери за 7000 денари, ги зголеми платите во МВР, образование, здравство, култура, социјала и администрацијата. Од денес почна и новата мерка за училишен прибор, во која семејствата ќе заштедат од 800 до 2000 денари овој месец. Цената за струјата не се зголеми за 12 месеци ниту за 1%. Дополнително, се помага на социјално ранливите семејства. Само во делот на енергетиката, се направени инвестиции од 1,5 милијарди евра. Тоа значи и отворање на нови работни места. Македонија е 4та во Европа според растот на БДП во првиот квартал, а 6та во светот по привлекување на странски инвестиции според БДП.
Ова се резултатите на политиките на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Се се постигнува кога се работи чесно и транспарентно. Фактите говорат за раст, развој и искрена грижа за граѓаните. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ континуирано гради за својот народ.