СДС се власт уште 4 месеци, а потоа одат во долга опозиција, реагира денеска ВМРО-ДПМНЕ.
7 години СДС не покажаа ништо друго освен криминал, корупција и проблеми за граѓаните.
Додека останатите држави од регионот имаат 50% раст на БДП по глава на жител, во Македонија со СДС растот е само 20%.
7 години институциите им служат само како алатка за делење на тендери и полнење со партиски кадри.
7 години Македонија тоне на полето на владеење на правото. Судството бележи доверба од само 2%, затоа што е по јаремот на власта.
Образованието е девастирано, нема септември изминативе години, а да имало учебници за учениците. Книги се чекаа и до јануари.
Здравството е на колена нема основни терапии, а лицата со ретки болести се целосно запоставени.
СДС е уште само 4 месеци власт, зошто никогаш не било полошо, и затоа важно е да ги поразиме, порачува партијата.