СДС и Филипче треба да престанат да ја кодошат Македонија и да измислуваат проблеми кои ги нема, а поттикнати од Бугарија, соопшти ВМРО-ДПМНЕ во рекцијата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
„СДС и Филипче се најдобра продолжена рака на шовинистичките политики на Софија.
Наместо да ја прифатат подадената рака од претседателот Мицкоски, СДС и Филипче мислат како да ја искодошат државата.
Ова што го гледаме сега е продолжение на политиките на Заев и Бојко љубави, ова не е ништо друго, освен распродажба на државата“, потенцираат во соопштенето од владејачката партија.
Добро е што Филипче денес целосно се демаскираше, секој може да види која му е вистинската намера и како би постапувал ако е власт. Филипче ќе биде Заев 2.0, додаде ВМРО-ДПМНЕ.